ВИДЕО: Училиштето „Киро Бурназ“ со проект од Еразмус+

Ученици и наставници од Унгарија, Романија и Турција деновиве престојуваат во Куманово во рамките на проектот „Светли училишта за светла иднина“ од Еразмус+ програмата. Партнер -проект од Македонија е државното средно училиште „Киро Бурназ“ кое од 19 до 23 септември е домаќин на втората мобилност. Првата проектна активност е реализирана во Турција, информира главниот координатор на проектот од Унгарија.

Главните  цели на проектот се зголемување на мотивацијата кај учениците за подобрување на резултатите од учењето, развивање на животни(меки) вештини кај учениците, зголемување на љубопитноста кај учениците за учење на туѓи земји и култури и да им се помогне полесно да ги прифатат различностите, како и подобрување на комуникациски вештини на англиски јазик и создавање на кохезија меѓу различни европски земји.

-Оваа мобилност е поврзана со дигитални вештини за подобра и поинтересна математика со цел да им се доближи математиката на уечниците, користење на интерактивни квизови, современи алатки, апликации ки што овозможуваат поголема интеракција на учениците и секао развивање на нивни поголем интерес за работа на часовите по математика, изјави Саги Марија, главен координатор од Унгарија

„Светли училишта за светла иднина“ започна со реализација во 2020 година, но поради ситуацијата поврзана со пандемијата целиот проект малку е пролонгиран, велат од училиштето „Киро Бурназ“. Координатор на проектот во Куманово е професорката Силвана Јосифовска – Тасиќ.

-На оваа мобилност темата е „Развивање на дигитални вештини за поинтересна математика“, всушност креирање на забавни часови, интерактивни часови поврзани со математика, со користење на, не само  онлајн платформа туку и на сите оние можности кои што ги нуди таа како апликации, квизови со цел подобрување на заинтересираност на учениците за математика, всушност и целиот проект е развивање на комуникациски вештини, развивање на ИКТ вештини и на сите оние животни вештини, меки вештини кои што би биле потребни кога ќе се најдат на пазарот на труд учениците да можат побрзо да се снајдат во компаниите и кај работодавачот. Покрај работните активности кои се задолжителни за изведување на вакви проекти, тие имаат можност да посетат некои знаменитости во нашата држава, покрај во Куманово, ги прошетавме во Охрид, Скопје, Крива Паланка, посетивме културно -историски споменици, изјави Фросина Стојановска, ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“

Следната мобилност е превидена за во февруари следната година во Романија и последната активност во мај месец во Унгарија.

Проектот официјално би требало да заврши на 31 август наредната година.

 

 

Коментари

коментар(и)