По повод десетгодишниот јубилеј културно уметничкото друштво „Српски вез“ организиран уште еден голем концерт на националниот ансамбл „Коло“. Концеротот ќе се одржи во сабота во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 19 часот. Информациите за влезниците може да се добијат во просториите на друштвото. Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно како и на првиот концерт, да ги проследат настапите на Српски вез и Коло.
Салата на Центарот за култура на првиот концерт беше мала за да ги прими сите заинтересирани граѓани. Пред кумановци настапија гости од Македонија и Србија.
Во здружението членуваат над 150 членови. Се негува српската традиција, но не се заборава ниту македонската.