ВИДЕО: Форумот на жени на СДСМ Куманово, со активности за месецот посветен на борба против рак на дојка

Форумот на жени на СДСМ Куманово со активности и трибини ќе го одбележи месецот Октомври, кој е посветен на борба против рак на дојка.

Претседателката на Форумот, Јасмина Георгиевска нагласува дека раната детекција, соодветна дијагноза и третман ја зголемуваат можноста за лекување на пациентите.

-Согласно календарот на јавно здравје, месец Октомври се одбележува како месец посветен на борба против рак на дојка. Форумот на жени на СДСМ, при ОО Куманово се приклучува кон кампањата за поддршка во борбата против рак на дојка со цел да се обрне внимание на распространетоста на оваа болест, подигање на свеста и значење на превенцијата и рано откривање. Во текот на Октомври Форумот на жени на СДСМ Куманово ќе организира низа активности, посета на нашите сограѓанки, трибини а се во насока на зголемување на свесноста и подобрување на разбирањето за оваа болест, како една од најчестите малигни заболувања кај жените. Раната детекција, соодветна дијагноза и третман ја зголемуваат можноста за лекување на пациентите. Рана детекција спасува живот! Најди време, оди на преглед-порача Јасмина Георгиевска, претседателка Форум на жени на СДСМ Куманово.

Коментари

коментар(и)