(ВИДЕО) Целосно реконструиран Центарот за вработување Куманово

Целосно е реконструиран Центарот за вработување во Куманово. За новата фасада, прозорците, водоводната и канализациската мрежа и другите реновирања потрошени се 10,3 милиони денари, средства обезбедени од Европската унија преку проектот „ЕУ за млади“, информира директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири кој што денеска беше во посета на реконструираниот објект.

– Сега Центарот за вработување Куманово доби нова фасада на зградата, беше променета кровната конструкција и прозорците со што се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Набавен беше и котел на пелети кој значително ќе ги намали трошоците на греење на објектот кој досега се грееше на струја. Се реновираше и водоводната и канализациската мрежа, рече  Демири.

Директорот Демири посочи дека невработените лица и работодавачите сега услугите за намалувањето на невработеност и зголемувањето на вработливоста можат да ги добијат на место кое што е функционално и реновирано согласно стандардите за заштита на животната средина и намалување на ефектите од аерозагадувањето. Додека пак, вработените ќе бидат помотивирани во своето работење бидејќи просторните услови се драстично подобрени.

– Би сакал да ги информирам сите граѓани на Куманово дека во моментот е во тек реализацијата на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година и би сакал да ги повикам сите невработени лица и работодавачи од Куманово да го посетат реконструираниот центар за вработување и да се  информираат за можностите кои овој оперативен план ги нуди и да аплицираат за мерките и програмите од нивен интерес, рече Демири.

Освен просторно реновирање на Центарот за вработување во Куманово,раководителката  Марија Димитријевска посочува дека е направена и функционална реорганизација на работењето.

–Направена е и функционална реорганизација во работењето на Центарот за вработување, невработените лица и работодавачите да ги добијат услугите и потребните информации на побрз и поедноставен начин. Сите колеги вработени во Центарот, се сместени во исти простории така да многу е полесен пристапот и поедноставно за странките да знаат каде можат да ги добијат потребните информации и доколку е потребно да ги упатат за попрецизни информации во врска од нивната потреба, рече Димитријевска.

Центарот вработување во Куманово е првиот од неколкуте во државата кои во наредниот ќе бидат реконструирани. Инаку, согласно податоците заклучно месец мај во Центарот за вработување Куманово евидентирани се 15.214 активни баратели на работа и 5.602 лица како пасивни баратели на работа.

Коментари

коментар(и)