ВИДЕО: Целосно реновиран објектот на СВР Куманово

Целосно е реновиран објектот на Секторот за внатрешни работи Куманово. Станува збор за саниран 60-ти објект на Министерството за внатрешни работи. Првиот човек на македонската полиција, при денешната посета посочи дека со ваквите реконструкции се обезбедуваат подобри услови за работа на полициските службеници, но и за подобра услуга на граѓаните.

Реновирањето на објектот што е изграден во 1929 година беше изведено  во повеќе фази, а започна во делот  каде  сега се сместени вработените во  ОКРА,  потоа беше извршено целосно реновирање на полициската станица Куманово, санација на просториите за приведување  и задржување  на лица како и изведба на нова пристапна рампа за лица со инвалидитет,  а реновиран беше и делот  каде што се сместени  БПС Куманово и Крим-полиција-истакна Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Во целиот објект на СВР  Куманово  заменети се  дотрајаните прозорци, влезните врати, изведена е термоизолациона фасада низ целиот објект, поставено е ново и извршена е санација на постојното парно греење, поставени се нови влезно-излезни рампи, рефлектори  за надворешно осветлување  и видео надзор. Проектот за гасификација е доставен до општина Куманово и по добивањето на соодветното одобрение, целиот објект ќе се грее на гас.

И за овој објект на СВР Куманово , како и за останатите  педесет и девет  објекти на разни организациони единици на министерството низ државата што беа санирани или целосно реновирани, министерството  одвои  средства од сопствениот буџет, во рамки на нашите програмски активности за севкупно подобрување на условите и материјално-техничките капацитети на нашата полиција, што како активност ја започнавме во 2017 година, и  токму за овој  објект за негово  целосно реновирање и санација беа издвоени околу  55.000.000  денари-истакна Спасовски.

Министерот Спасовски најави дека МВР продолжува со несмален интензитет во оваа насока и дека во тек се работни активности на објектите во ПС Карпош, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, ОВР Пробиштип, Полициско одделение Македонска Каменица, Полициско одделение Кривогаштани, ОВР Делчево,ОВР Берово…

ВИДЕО НАСКОРО!

Коментари

коментар(и)