Министерот за образование и наука, Јетон Шеќири рече дека за да има напредок во решавање на проблемот со училиштето „Сами Фрашери“, неопходно е локалната самоуправа да достави целосен проект, а одговорноста на министерството е да обезбеди финансиски средства за реализација.
Ова го изјави министерот одговарајќи на новинарско прашање, при неодамнешната посета на Општина Липково.
-За средното училиште за да имаме добар напредок во процесот на реализација на секој проект и конкретниот за „Сами Фрашери“ во Општина Куманово за да се реализираат ќе треба да имаме конкретни постапки од општината. Реализиран проект кој треба да се достави до Министерството или на повикот на Министерството да се одговори. Тој доставен конкретен проект за да може секторот за буџет во Министерството да го планира целосно проектот, кој сигурно кога ќе биде доставен од општината ќе го има и финансискиот дел. Неколку пати е кажано нека ги обезбеди средствата Министерството, да Министерството ќе има одговорност кога целосната документација комплетно ќе биде доставена од локалната самоуправа и тогаш останува одговорноста на Министерството. Јас можам да гарантирам дека во најбрз можен рок исто измени на програми и со новата програма ќе направам се тој проект да влезе во нашиот буџет-истакна Шаќири.