Проектот за санација на стариот градски архив, за гимназијата „Сами Фрашери“, за спортската сала во основното училиште „Карпош“ во село Умин се дел од проектите кои што целосно се завршени во последниве три месеци информираше денеска директорот на јавното претпријатие „Куманово план“, Бобан Николовски.
Освен овие, завршен е и основниот проект за реконструкција на улицата „Благој Илиев Гуне“ и за улиците околу Зелен пазар со кружен тек на крстосницата помеѓу „Трета Македонска“ и „Тоде Думба“.
Во меѓувреме, ЈП „Куманово план“ работи и на поголем број други проекти, а особено значаен за Куманово е проектот за нова детска градинка.