(ВИДЕО) Ќе останат ли матурантите без фотографија и прослава?!

Матуратите чекаат надлежните да донесат нови мерки со кои ќе им се овозможат генерациски прослави. Се подготвуваат, преговараат со угостителските објекти, но олабавувањата засега се ограничувачки, без музика, со максимум 100 гости. Велат значајна ни е прославата со тоа ги заокружуваме средношколките денови. Лани поради пандемијата прославите беа забранети.

-Размислуваме за славење на матура, бидејќи нашата генерација не беше ниту на екскурзија и би ни било мило да прославиме со протоколи, мерки, колку да се одбележи-вели Сара Колевска, матурантка СОУ гимназија „Гоце Делчев“ .

-Луѓето сакаат да видат прослави, своите внучиња да ги видат на фотографии, весели завршиле средно училиште, но здравјето е пред се првин да видиме што ќе се случи па ако се овозможи ќе прославиме- посочи Филип Трајковски, матурант СОУ гимназија „Гоце Делчев“ Куманово.

Од училиштата посочуваат дека тие не стојат зад такви забави и нема да присуствуваат.

-Ние како училиште не организираме матурски прослави, за жал навистина ова ќе биде втора генерација што не може да го прослави завршувањето заедно со наставниците-посочи директорката на гимназијата Марија Тодоровска.

Знаеме дека прават некоја организација во рамките на она што е дозволено во услови на пандемија за рестораните и кафеаните, ние како училиште не стоиме зад такви работи и нема да присуствуваме на забавите што ги организираат приватно матурантите-истакна Драган Јаневски, директор техничко училиште „Наце Буѓони“.

И од Секторот за образование при Општина Куманово нагласуваат дека пандемијата ги спречи матурски прослави.

-Сега од 1-ви јуни откако се олабавени мерките за прославите, класните раководители интерно, во договор со своите ученици од класовите си организираат симболична прослава-нагласи Александар Јовановиќ, раководител Сектор за образование.

Во Куманово средно образование годинава завршуваат 1.229 ученици.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)