(ВИДЕО) 10 ученици ковид позитивни пријавени вчера во Секторот за образование

Општинските основни и средни училишта вчера во Секторот за образование пријавиле еден вработен во училиште и 10 ученици од повеќе училишта инфицирани со вирусот ковид 19, информираат надлежните. Од почетокот на учебната година заклучно со 20-ти септември, пријавени се вкупно 17 вработени во неколку училишта позитивни на Ковид 19 и вкупно 76 ученици од повеќе училишта. Тоа пак значи дека и неколку паралелки во кои што има инфицирани ученици или наставници кои што пројавиле симптоми додека биле на настава и од надлежните во училиштата биле пријавени во Центарот за јавно здравје, се во изолација и следат онлајн настава. Во случај, ако ученикот или вработениот пројават симптоми на корона вирусот во домашни услови, тогаш само инфицираните остануваат во изолација, а учениците наставата ја следат со физичко присуство.

Инаку, според вчерашните податоци на министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Куманово од почетокот на епидемијата изнесува 11.031, а бројот на активни случаи е 904.

На ниво на државата, според вчерашната статистика, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068,  излекувани пациенти се 167.810, починати  6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.

Коментари

коментар(и)