„Визиана“ со нов гастрономски ресторан „Карузо“

Медитеранска храна со примеси на француската и италијанската кујна, со врвно гастриномско искуство, ветуваат во новиот ресторан „Карузо“, кој го отвора добропознатиот угостителски објект „Визиана“.

Новиот ресторан свечено ќе се отвори утре, но официјално со работа ќе започне од понеделник.

Со понудата на разни гастрономски искуства во спој со добро вино, „Карузо“ би требало за кратко време да стане омилено место за кумановци.

 Ресторанот е со капацитет од 80 гости, а ќе работи секој ден од 08 до 24 часот.  „Карузо“ е лоциран во новата зграда „Пиано Престиж“, во близина на спортската сала.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)