Виктор Петковски го фати крстот во „Свети Никола “

22  годишниот кумановец  Виктор Петковски  го фати крстот во базенот  во дворот на соборниот храм „Свети Никола“.Тој  годинава  беше најбрз  меѓу дваесетмината најхрабри кумановци  кои посакуваа крстот да е во нивните раце. Петковски по седми пат учествува на оваа традиционална манифестација, а крстот по втор пат завршува кај него.

На најсреќниот денеска црквата му подари икона,  а верниците го даруваа со пари и го бакнуваа светиот крст. Фрлањето на крстот го следеа бројни граѓани  од сите генерации. За повозрасните  ова е еден од најголемите христијански празници  посветен на крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан. Тие им порачуваат на младите да ја негуваат традицијата и да скокаат по крстот на Водици.

Пред  чинот на фрлањето на крстот, во црквата „Свети Никола “ со литургијата чиноначалствуваше митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф. Освен граѓани, на литургијата присуствуваа  претставници на повеќе политички партии, државни институции и јавни претпријатија во градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)