Вклучување на жени на пазарот на трудот

Се уште постои мислење дека улогата на жените од руралните средини е да бидат домаќинки и мајки, а семејството и заедницата ги спречуваат да се вклучат на пазарот на трудот. Друга причина е што истите не се информирани за мерките што го нудат институциите. Ова беше истакнато на тркалезната маса од проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“. Проектот кој што го спроведува организацијата Care и Женската граѓанска иницијатива Антико, во соработка со Мултиетничкото здружение Флоренс Најтингејл, е финансиран од Европската унија.  Целта на проектот е зголемување на капацитетите на жените, да станат поконкурентни на пазарот на трудот.  Истиот не претставува самовработување туку овозможување на различни видови на обуки и курсеви кои на жените ќе им овозможат во иднина полесно да дојдат до работно место.  Проектот досега опфатил 1500 жени од пет општини од државата, а 280 од нив кои поттекнуваат од Куманово следеле тренинзи за комунација, пишување CV, родови концепти  и слично.

-Целиот проект вклучувајќи го тука и Куманово како и општините Битола, Скопје, Тетово и Штип проектот на некој начин успеа да убеди 75 жени да го променат статусот од пасивни во активни баратели на работа. Самата промена на статусот е добар показател дека жените се заинтересирани да се вклучат на пазарот на трудот да ја преземат судбината во свои раце, да почнат да работат и да придонесат за своето семејство и заедницата.  Голем дел од нив изразија желба за понатамошно учење квалификации обуки така што проектот обезбеди сертифицирани курсеви за 170 жени во сите пет општини, овде во Куманово се вклучени околу 40 жени на курсот за козметичарки, фризерки, шивачки, јазици и слично. Се е правено по нивна желба и интерес-истакна Драган Периќ проект менаџер на организацијата Care.

Учесниците кои се на возраст од 20 до 40 години изразија задоволство од спроведување на тренинзите.

-Ми беше предизвик да бидам дел од проектот вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот во која бев активен учесник на сите одржани тренинзи. Со помош на стекнатите знаења од тренинзите успеав сама да го изработам моето CV и мотивационо писмо и да аплицирам за мерката за Агенцијата за вработување за практиканство. Иако имам соодветно образование моите шанси за вработување се зголемија со вклучување во проекните активности на CARE посочи Адријана Рамадани, учесничка.

Од организацијата посочија дека препораките ќе ги достават до институциите кои на некој начин може да донесат промени, преку изработка на стратегии или финансирање на одредени проекти.

.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)