Владата даде согласност за префрлање на вишок средства за блок донации на сметката на Општина Куманово

Владата на вечерашната 73-та редовна седница, го разгледа Барањето за согласност за префрлање на вишок средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година и даде согласност по Одлуката за одобрување префрлање на вишокот средства. Средствата ќе се користат за изградба и реконструкција на мини детски игралишта и училишни игралишта, како и за санација и реконструкција на санитарни јазли и тоалети, санација на кровови, набавка на дигитална опрема и помошно-технички помагала за кабинетска настава и адаптација на кабинети во основни училишта на територијата на Општина Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)