Владата утре ќе одлучува за олабавување на мерките

Владата утре треба да ја донесе конечната одлука откако Кризниот штаб денеска ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, според кои веќе не мора да се носи маска на отворено, се дозволува организирање свадби, се препорачува укинување на мерката за работа од далечина…

На состанокот на Главниот кризен штаб се усвоени седум предлози до Владата во -Укинување на мерката носење заштитна маска на отворено, со препорака за носење маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

Комисијата за заразни болести препорачува:

1.Укинување на мерката носење заштитна маска на отворено, со препорака за носење маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

2.Да се дозволи присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено, до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5-2 метри (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од ковид-19.

3.Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица.

4.Да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.

5.Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.

6.Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина

7.Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.6.2021 година

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)