Владата ќе одлучи за градскиот превоз

Владата во најитна постапка да донесе соодветни мерки, протоколи и препораки за брзо заживување на стопанските субјекти на територијата на Општина Куманово. Ова барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување веќе е доставено до Владата и се чека одговор. Што се однесува до отворањето на рестораните, хотелите, кафулињата, занаетчиските дуќани и малите трговски единици,  штабот од Владата бара јасни и прецизно детерминирани услови и насоки за начинот, поставеноста и внатрешното уредување на функционалниот простор во овие објекти. Меѓу приоритетните е и барањето за делумно враќање на градскиот превоз за потребите на стопанството, вели градоначалникот Максим Димитриевски, посочувајќи дека сите досегашни проценки кои што се носат од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување и заклучоците , првенствено се должат на епидемиолошките проценки и она што штабот го добива како информација од  епидемиолошките во нашата општина, од Центарот за јавно здравје, ЦУК и институциите кои што имаат искуство со кризни состојби.

-Според нивните насоки, а во однос на претходните барања и средбата со угостителите и средбата со стопанствениците каде што веќе се бара да отпочне да функционира и да работи непречено градот, излеговме со тие мерки, упативме барање до Владата и очекуваме одговор од нивна страна, дали тоа ќе го регулираат со уредба или со некој друг акт бидејќи градскиот превоз кај нас беше исклучен по одлука на Владата. Претходно, ние согласно одлуките на општинскиот штаб имавме делумно редуцирање на градскиот превоз, а потоа дојде и до целосно укинување на градскиот и меѓуградскиот превоз по уредба на Владата, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Пред една недела повторно започнаа со работа градскиот зелен и реонскиот пазар лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“, а профункционира и добиточниот пазар во Долно Којнаре. Засега останува затворен само пазарот за продажба на половни работи.

-Воедно го ставивме во функција и градскиот пазар и ќе продолжиме во таа насока бидејќи епидемијата, според проценките на епидемиолозите, пак ќе потенцирам и информациите кои што ги даваат се намалува во градот, а градот ќе мора да научи да живее и функционира во ковид кризата бидејќи сега мора да се посветиме и на дополнително ставање во функција на стопанството кое што, за жал, мора да констатираме дека веќе бележи сериозен пад, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Согласно претходните мерки предложени од страна на Владата, кризниот штаб препорача градоначалникот да ги врати во функција сите служби во рамки на Општина Куманово, како и во jавните претпријатија, со цел да се запази функционалноста на општината и потребите на граѓаните.

Кризниот штаб предложи повеќе заклучоци, меѓу кои да се прекине со понатамошна дезинфекција на претходно определените пунктови за возила освен на двата пункта кои патно ја поврзуваат Општина Липково со Општина Куманово и да се продолжи со редовно миење на улиците со натриум хипохлорид по дефиниран план и динамика во ЈП „Чистота и зеленило“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)