Владина делегација ја посети компанијата „Босут“

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, заедно со министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска  утринава ја посетија текстилната компанија Босут. Тие се сретнаа со менаџментот на команијата, која произведува ХТЗ опрема, но е и која работи со поддршка на државата, во рамки на три мерки, зголемување на капиталните инвестиции, поддршка за креирање на нови работни места и поддршка за зголемување на конкурентноста на пазарот.

-Во оваа компанија повеќе од половина од работниците се субвенционирани преку последниот закон за субвенционирање на придонеси при раст на плати, и ова укажува дека и во текстилната индустрија имаме одлични примери каде што расте продуктивноста, растат платите а со тоа се подобрува и економијата во нашата држава. Ние како Влада во последните пресметки заедно со Управата за јавни приходи утврдивме дека 119. 445 работници во државата во моментот ја користат оваа мерка за субвенционирање и со тоа растат платите во нашата држава. Се виде дека и псоледните статистички податоци за декември покажаа дека просечната плата навистина рапидно расте и во континуитет се случува тоа што укажува дека и стандардот на живеење на нашите работници работи-нагласи Мила Царовска, вицепремиерка за економски прашања.

Министерот за странски инвестиции, Елвин Хасан посочи дека компанијата Босут во 2019 година има склучено анекс со цел усогласување на промените согласно законот за финансика поддршка на инвестициите.

-Ни претставува посебно задоволство што оваа компанија изразила желба да склучи договор за три мерки, и да аплицира за финансиска поддршка како што гледате законот овозможува компаниите да аплицираат за повеќе мерки да добијат финансика поддршка согласно законските одредби. Ми претставува особена чест што компанијата има свои погони, дури во три општини и вработува голем број на граѓани од овој регион-наведе тој.

Дополнилената заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ нагласи дека за мерките за вработување, кои што ги нуди Владата  според опративниот план годинава е обезбеден реконрен износ, од 1,45 милијари денари, со цел да им се излезе во пресрет на компаниите,  да се намали невработеноста во државата, а при тоа да се даде фокус на младите.

-Затоа ги упатуваме сите компании да ги користат што повеќе мерките кои што ги нудиме преку опративниот план, како што се не само субвенционирање на раст на плати туку обука кај познат работодавач, практиканство и последната мерка младински додаток кој се однесува и е поддршка за вработување токму во фирми од производствената дејност и значи 3.000 денари месечен надоместок директно на сметка на младите лица. Досега имаат аплицирано околу 2.800 лица за користење на оваа мерка, така што ги упатувам и самите компании да ја промовираат мерката-истакна таа.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска посочи дека мерката субвенционирање на придонесите за повисоки плати ги дава посакуваните резултати.

-Мерката субвенционирање на придонесите за повисоки плати е уште еден доказ дека владината програма и мерките секој пат се во интерес на граѓаните, меѓутоа од друга страна докажува дека со одлична институционална соработка како што ја имавме во тогашниот период со Министрството за труд и социјална политика е успех не само за работниците и работодавачите туку и за економските текови во нашата држава. Управата за јавни приходи направи една анализа во делот на тоа каде се имаме даночни обврзници кои што ја имаат искористено оваа мерка и за колку работници станува збор. На пример во Скопје имаме 8.860 работодавачи на 51.760 вработени лица-наведе таа.

Директорот на компанијата Босут, Драган Стефановски посочи дека е задоволен од помошта која што ја даваат мерките.

-Ние сме задоволни што денеска ја имаме оваа посета од високата делегација на нашата влада, ние сме корисници и на двата проекти и на првиот за инвестиции и за вториот за субвенции, тоа е добра мерка која ни помогна и понатаму да продолжиме со развојот во нашата компанија и мислиме дека понатамошната соработка ќе придонесе за уште поголеми успеси или инвестиции во нашата компанија -истакна тој.

Во компанијата Босут која е лоцирана во четири општини, Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Кратово се вработени 415 лица.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)