Влијанието на жената во политиката

Жените се залагаат за родова еднаквост но се чувствуваат помалку моќни од мажите беше потенцирано на работилницата за влијанието на жената во политиката. Проектот е организиран од Националниот демократски институт во соработка со француската амбасада и со невладината организација,, Реактор,, со цел да се зајакне улогата на жената во процесот на одлучување на локално ново.

-Нашите основни начела се зајакнување на родовата еднаквост и подобрување на улогата на жените во политиката. Овој проект го започнавме од април минатата година со финанскиска подршка на УСАИД – вели Ана Ангеловска, програмски менаџер на проектот за јакнење и улога на жените во политиката.

Спроведени се истражувања кои ги опфаќаат жените во политичките партии, нивната мотивација  за вклучување во јавниот живот и политиката и пречките со кои се соочуваат вршејќи ги своите функции.

                                                               M4034S-4211

-Ќе ги презентираме нашите наоди и ќе побараме мислење од кумановките кои работат на терен и се вклучени во политиката. Се фокусираме на изнаоѓање решенија и поддршка на жените за поактивно вклучување во политиката – објасни Неда Коруновска, претседателка на невладината организација ,,Реактор,,.

Освен во Куманово предвидени се работилници и во другите поголеми градови низ земјава со цел да се прикажат истражувањата за застапеноста на жената во политиката и нивните досегашни искуства.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)