Влијанието на Солун за културата во кумановско

Националната установа Музеј Куманово започна со реализација на меѓународниот проект „Влијанието на средновековниот Солун во ширењето на културата во регионот на Куманово“. Проектот се состои во документирање и анализирање на средновековните солунски споменици и можните врски и паралели со спомениците од движното и недвижното наследство од регионот на Куманово.

-Идејата за реализација на овој проект поттекна од меѓународната народна конференција која што се одржа во Етно село, а беше посветена на Кокино, таму имавме гости од странство меѓу кои и претставници од Солун и тогаш се роди идеа да направиме една соработка која би ја отсликала врската која што Солун ја имал со овој крај во средниот век. Така и го направивме тој пилот проект лани до Министерството за култура поднесовме предлог идеа за разгледување која ни беше одобрена а се состоеше од студиска посета на претставник од Музеј Куманово, во Солун каде што ќе бидат документирани спомениците кои ќе бидат од наш интерес-истакна Дејан Ѓорѓиевски од Музеј Куманово.

По тој повод, раководителот на проектот, Дејан Ѓорѓиевски, беше на  петдневен студиски престој во Солун, каде што изврши теренско документирање на спомениците кои се од интерес на проектот,  преку кои што, според првичните анализи, се забележува интензивна комуникација меѓу двата региони. Комуникацијата е видлива преку протокот на материјалните добра, но и преку интензивната размена на искуства и знаења, главно преку сликарството и архитектурата.

-Станува збор претежено за христијански споменици затоа што во тој период христијанството била главната врска помеѓу двата региони… извршив студиско снимање на спомениците, со дозвола од нивниот завод за заштита на споменици од Солун извршив и снимање на фреските кои што беа во наш интерес. Бев во посета на византолошкиот музеј во Солун и во археолошкиот музеј каде што имавме поблиска можност да ги видиме предметите кои се изложени таму и да направиме паралела со нас-дополни тој.

За следниот период, планирана е посета на експерт од Музејот на византиската култура во Солун, кој ќе изврши увид во движното културно наследство од византискиот период во кумановско, и ќе даде свое согледување на трговските и културните конекции меѓу двата региона.

Коментари

коментар(и)