ВМРО ДПМНЕ: Биљановце заборавено од градоначалникот

Најголемиот дел од населбите и селата во Куманово со години се заборавени од локалната власт. Само се ветува, но не се инвестира, посочија  денеска од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Биљановце е само едно од населените места кое што во 21 –от век е без приклучок за водоводна и канализациона мрежа, со дупки на улиците, без улично осветлување, спортски игралишта и со руинирано училиште.

-Тука сме да Ве потсетиме дека вашата лична и партиска кампања воопшто не е важна. Граѓаните бараат вистински решенија и затоа ОК ВМРО ДПМНЕ Ве повикува конечно и сериозно да ги земете во предвид маките на овие наши сограѓани кои со години никој не ги споменува, а проблемите само се зголемуваат, изјави Валентина Јовановска, ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово

Општинскиот комитет, но и мештаните го прашуваат градоначалникот на Куманово зошто целосно го игнорира постоењето на ова населено место.

-Пред четири години не посетија последен пат и веќе никој не се интересира за нас,  изјави жител на Биљановце

– Најбитно е да имаме канализација и вода, а игралиште може и некоја наредна година, изјави жител на Биљановце

Биљановце кое што е оддалечено пет километри од Куманово има околу 500  жители, а четириесетина деца од селото учат во подрачното училиште „Кочо Рацин “ .

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)