ВМРО-ДПМНЕ вештачки ја намалува невработеноста

ВМРО-ДПМНЕ најавува шестотини вработувања дневно, а наспроти тоа 30.000 граѓани на Куманово се невработени, од кои над 10.000 се млади лица, рече на денешната пресконференција портпаролот на СДСМ Сашо Тодоровски.  Социјалдемократите прашуваат дали е свесна централната власт  дека младите својата егзистенција ја наоѓаат во странство преку вадење на бугарски пасоши бидејќи, како што тврди Тодоровски, во Македонија доколку не си дел од  нивниот клан, не можеш да најдеш пристојна работа од која ќе можеш да ја планираш својата иднина.

-Доколку отидете во бирото за вработување, тамошните вработени кои се задолжени да ги упатуваат граѓаните и да им помогнат во врска со вработувањето само ги креваат рамениците и може да ги понудат единствено некоја обука за „курс по јава програмирање “ или „ворд“ . Им се закануваат на невработените доколку не се јават на некоја бесмислена обука која нема никаков ефект , ќе ги избришат од заводот за вработување со што вештачки ќе ја намалат невработеноста, изјави Сашо Тодоровски, портпарол на ОО СДСМ, Куманово

СДСМ им порачува на граѓаните дека е време да запрат манипулациите. Според Тодоровски,  на новата влада која ќе биде формирана од СДСМ приоритет ќе и бидат младите и невработените, создавање на реални работни места кои ќе овозможат нормално живеење со цел да се обезбеди здрава и пристојна егзистенција за секој поединец.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)