ВМРО ДПМНЕ ги повикува граѓаните да го ажурираат членството

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Куманово, Бране Петрушевски денеска на прес-конференција ги повика членовите да аплицираат на Јавниот повик за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. Повикот ќе трае до 15-ти декември годинава. Кандидатите за членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават мотивационо писмо и биографија (CV).

-Ги поттикнувам сите оние наши сограѓани кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија, како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата, да се пријават на овој Јавен повик. За оваа година и пол власт на СДСМ не видовме ниту еден реализиран капитален проект, но затоа секојдневно гледаме криминални тендери, корупција, сомнежи за тешки проневери и изневерени очекувања; не гледаме владеење на правото, туку поигрување со животните судбини на невини луѓе, кои со политички монтиран процес се затвараат под обвинение за тероризам, а со цел да се тргува со нивната трагедија, за да можат да ја разнебитат македонската држава и да ја поништат јасната волја на граѓаните изразена на референдум. Воедно, од оваа локална власт на СДСМ, не гледаме справување со енормното загадување во нашата општина, туку изјави од претседателот на Советот дека ситуацијата не е алармантна, пропратени со организација на скапи мега концерти и прослави; не гледаме економска консолидација на општина Куманово и намалување на големата невработеност, туку гледаме општина која работи под минимална судска резерва, заради големата заглавеност во долгови, кои заедно со јавните претпријатија, надминуваат 1.000.000.000 денари; не гледаме справување со корупцијата и криминалот, туку зголемен криминалитет и владеачка партија која узурпира голем општинскиот имот и го издава под кирија на правни субјекти, користејќи ги овие финаниски средства за свое нелегално финансирање; не гледаме ефикасна општинска и државна администрација која ги решава проблемите на граѓаните, туку администрација која со децении не успеја да го реши проблемот со дивите депонии во центарот на градот, која општинските тендери со години ги доделува на едни исти фирми, кои или се нивни спонзори или се блиски до функционерите од оваа партија; администрација која во 21 век го нема решено водоснабудувањето, канализацијата и други основни комунални проблеми во општината.

Уште една активност на ВМРО-ДПМНЕ, како најголемата политичка сила со обврска да ја порази, како што кажа Петрушевски , оваа не способна власт, е и отворањето на вратите за способните, мотивираните и оние кои сакаат да застанат рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, давајќи го својот придонес во рушењето на оваа власт.

-Црнилата кои ни ги наметнуваат се заеднички за сите граѓани, затоа и зората која ќе донесе ја донесе победата и која ние ќе ја овозможиме ќе биде заедничка. Република Македонија, заедно со градот Куманово, мора да ја изградиме во нормална и напредна земја на сите граѓани. Затоа ги повикувам сите наши членови и симпатизери, кои ги споделуваат ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, почнувајќи од денес, во наредните три месеци да ја посетат просторијата на Општинскиот Комитет Куманово, која се наоѓа во зградата на поранешен Комитет и да го ажурираат своето членство или пак да се зачленат во нашата партија. Овој пат одиме чекор понапред и ги следиме современите текови: членските книшки кои ќе се изработат по завршување на ажурирањето, ќе бидат со модерен изглед, слични на пример со личните карти кои што секој ги има полнолетен граѓанин, изјави Петрушевски.

ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе работи за народот, потенцираше Петрушевски.

 

 

Коментари

коментар(и)