Во далечната 1944 година на 11-ноември во Куманово свечено беа пречекани хероите кои својот живот го ставија во рацете на својата татковина, носени од стремежот за слободна татковина, водени од копнежот за национален идентитет и интегритет-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-Овој голем празник за нашиот град го означува завршувањето на вековните борби за македонска државност и самостојност и заокружување на историскиот период на востанија и напорите вложени за национално ослободување. Денес Куманово е слободно и празнува. Нека ни е среќен овој голем ден на сите нас. Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Куманово на своите сограѓани им го честита овој голем празник со желба за мир и соживот-соопштија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.