ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот не се грижи за проблемите

Полуразрушени или целосно руинирани куќи, депонии на секој агол, голема нечистотија, потенцијални извори на зараза, демнеат на секој чекор на улицата 27-ми март, која се наоѓа зад Основниот суд, истакнаа од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив докази дека градот со години е заложник на неодговорна и незаинтересирана локална власт, постојат многу но ретко кој  е впечатлив како овој дел.

-Целиот простор, во кој од многуте дупки едвај може да се забележат траги од некогашна уличка, е опколен со станбени згради и градби во кои се сместени неколку државни институции. Тука низ овие коридори на срамот секојдневно поминуваат многу луѓе, кои можат да видат до каде може да оди бесрамоноста на локалната власт предводена од СДСМ-изјави Срѓан Ивановски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека градоначлникот наместо да се посвети на проблемите во градот, тој е активен  во Шарената револуција, во која заедно со останатите соработници од СДСМ, се главни промотори.

-Секогаш се вовлекува во политички авантури  кои само му штетат на Куманово. Се крие зад разни политички проекти, со цел да не биде препознаена неговата неодговорност, да не го видиме стравот од ужасот во сопствениот двор, кој за жал е вистинското лице на Куманово. Да се опише ова место е многу тешко за секој кумановец, а уште потешко ако се знае дека се работи за центарот на Куманово-нагласи тој.

Додадоа дека градоначалникот кој речиси 12 години е на власт во градот, дозволил овој простор што е во непосредна близина на општинската зграда да стане срам за кумановци.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)