ВМРО ДПМНЕ: Дамјановски да ги реши комуналните проблеми

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска ја повикаа локалната власт  ги согледа и да ги реши комуналните проблеми во куманово, почнувајќи од улицата Народна револуција.  Според Срѓан Ивановски, одговорноста за постоење на дупки на улицата, недостиг од тротоари, необележани пешачки премини и небезбедното одвивање на сообраќајот во кој што секојдневно учествуваат илјадници кумановци е на градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на Советот, Максим Димитриевски, која што сакааат да ја сокријат зад шарената револуција.

Ивановски вели дека граѓаните имаат легитимно право да го прашуваат градоначалникот зошто до сега локалната самоуправа не презела мерки за решавање на комуналните проблеми во Куманово.

И граѓаните потврдуваат дека не е безбедно да се движат по Народна релолуција.

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и наредниот период ќе продолжи со изнесување во јавноста на проблемите кои што ги засегаат кумановци, а надлежна да ги реши е локалната власт.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)