ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски не ги исполни ветувањата

 

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски не сака да даде одговор на бројните прашања на граѓаните за релизација на ветените проекти. Тој избра да се сокрие зад младите од неговата партија, пуштајќи ги да изнесуваат лаги, истакна на денешната прес-конференција, Бране Петрушевски, член на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.  Тој со видео материјал потсети дека градоначалникот за време на предизборната кампања за локалните избори во 2013 година, ветил  современа урбанизирана технолошко-индустриска развојна зона во атарот на село Речица од 60 илјади метри квадратни, со излез на автопатот Е-75.

-Има проект за натамошно уредување патна, комунална инфраструктура, прочистителна станица со главен канализационен вод, ќе има дистрибуција на секоја парцела, водоводна мрежа која ќе ги оскрвува тие стопански проекти, и потоа ќе преговараме со ЕВН за изградба на енергетски капацитет кој може да ги задоволи потребите на оваа инсдустриска зона-изјави тогаш градоначланикот Дамјановски.

Петрушевски праша зошто иако градоначланикот ветил, на градот не му обезбедил технолошко индустриска развојна зона и на тој начин го остави Куманово хендикепирано во поглед на странски инвестиции, во период кога во Македонија секојдневно се отвораат нови фабрики.

Тој нагласи дека за разлика од нив, ВМРО ДПМНЕ во својата изборна кампања вети дека ќе ги санира и реконструира постојните станици за прочистување на отпадни води, изгради училишни спортски сали, експресен пат Куманово-Деве Баири и рехабилитација на автопатската делница Куманово-Миладиновци, а тоа ќе го направи во предвидениот рок, односно до крајот на 2018 година.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ е првата во историјата на Република Македонија која ги реализира проектите од својата програма согласно предвидените рокови и динамика. СДСМ наместо да понуди идеи, проекти и програми, ја зајакнува кумановската јавност со лаги и невистини, наведувајќи дека не се релизирани проекти кои се во фаза на реализација или чија реализација е предвидена за наредните години. Толку својствено за СДСМ-истакна тој.

Од општинскиот комитет нагласија дека и покрај молкот на градоначалникот, тие ќе продолжат да бараат одговори на сите прашања и проблеми кои ги мачат кумановци.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)