ВМРО-ДПМНЕ: Да не се злоупотребува инцидентот со знамето

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува вчерашниот инцидент, кога неколку лица, дрско и без почит, го симнаа македонското знаме во центарот на Куманово и поставија знаме на друга држава, истакна на денешната прес конференција претседателот на партијата, Драган Петковски. Тој нагласи дека овој антидржавен чин претставува длабоко кршење на суверенитетот и териториајлниот интегритет на Република Македонија.

-Вчера беше погазено достоинството на граѓаните, беа длабоко повредени чувствата на сите кои ја доживуваат Република Македонија како своја татковина. Ваковото неодоговорно однесување кое има за цел понижување на народот директно задира во соживотот и во напорите за градење на мултикултурно општество каде сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и останати, живеат во хармонија, поткрепена со взаемно разбирање и почитување-нагласи тој.

Петковски го повика градоначалникот и општинската организација на СДСМ да не го злоупотребуваат овој немил настан, со тоа што инцидентот ќе го поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ туку да преземат граѓански пристап.

-Безбедноста, сигурноста и заедничкиот живот се многу поважни од тесноградите интереси на градоначалникот и СДСМ, кои ги реалзиираат на најбруталтен начин преку манипулација со граѓаните, промовирајќи антимакедонски платформи и претставувајќчи се себе си за миротворци, а остантите посебно ВМРО ДПМНЕ за проблем во општеството-додаде тој.

Од ВМРО ДПМНЕ го повикаа и Советот на општината на својата прва наредна седница да стави точка на дневен ред на која ќе се расправа за овој вандалски чин и ќе се донесе декларација со која ќе се осуди истиот.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)