ВМРО ДПМНЕ: Да се преземат мерки против Димитријевиќ

-Речиси две недели како граѓаните на Куманово чекаат разрешница на овој немил настан кој длабоко ги вознемири сите. Запрепастени сме и од реакцијата на градоначалникот, кој наместо да осуди и разреши директорот го штити и го остава се уште да ја извршува функцијата директор во образовна институција во која се едуцираат нашите деца.  Повикани се сите институции, реакција за жал се уште нема, ниту дека е отпочната постапка против директорот, ниту дека во блиска иднина ќе почне. Ниту пак е свикана вонредна седница на Советот на Општина Куманово, која беше побара од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Го повикуваме уште еднаш Народниот правобранител да си ги засука ракавите и да го расчисти случајот – изјави Злата Божиновска, ОК ВМРО ДПМНЕ

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)