ВМРО-ДПМНЕ: Залудно се насочува прстот кон други

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвини локалниот менаџмент за неодговорност која се гледа на дело и не превземање стратегија околу раководење на локалните јавни претпријатија и услуги кои треба да ги сервесираат кон граѓаните. Од таму потсетија на вчерашниот штрајк на вработените во Чистота и Зеленило, кои не го собираа сметот низ градот поради неисплатени две месечни плати.

-Вработените се крајно изреволтирани од директорот. Тие остануваат на барања и нема да се откажат, се додека не добијат плата. Вистината е една а тоа е неспособноста за менаџирање и немањето на одговорност на самиот директор кој ги користи ресурсите на претпријатието  за угостителство, спорт и рекреација и други активности а најмалку за основната дејност за кое е и формирано јавното претпријатие а тоа е одржување на чистота во градот-изјави Анета Шандева Додевска, ОК ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека општината и јавните претпријатија се дават во долгови, а граѓаните во кал, смет и други комунални проблеми.

-Мостот на влезот во населбата Перо Чичо, населбата Средорек, градскиот кеј, а сега и пред сите згради се направени мини депонии со кои ниту вие, ниту општината, не сте способни да се справите. Господине Петрушевски со таков не кадар, нема да има за плати. Средете си го дворот и како директор фатете ги конците во ваши раце-нагласи таа.

Шандева Додевска побара да не се дозволи ова да премине во еколошка катастрофа и епидемија на заразни болести.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)