ВМРО ДПМНЕ: Злоупотребена седницата за советнички прашања

До каде е стигнато барањето за канализација во населбата Карпош во месноста Ливади чија што проектна документација е доставенa до општината, до каде е проектот за доизградба на канализацијата во Горно Којнаре, кои станбени објекти се предвидени за реконструкција на фасади со средства од буџетот на општината, се дел од прашањата кои што советничката група на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ вчера требало да ги упатат до градоначалникот Зоран Дамјановски. Сметајќи дека седницата е злоупотребена за маркетинг и пропаганда на градоначалникот кој одговарал на претходно договорени прашања, советниците од опозицијата ја напуштија седницата.

-Кога конечно ќе се обнови обележувањето на пешачките премини, дали комуналната инспекција ќе преземе нешто во врска со узурпацијата на јавните површини од определени граѓани и правни лица за паркинг места пред совите објекти, дали општината има поднесено апликација до министерството за транспорт и врски , по распишаниот јавен повик за изработка на детални планови за проектот „Купи куќа за млади“ , праша Драган Петковски, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово

Петковски посочи дека иако поминале  три четвртини од последниот мандат на градоналаникот на Куманово Зоран Дамјановски , неговите предизборни ветувања не се ниту започнати, а не пак реализирани .

-Такви се ветувањата за изградба на 28 автобуски постојки во градот, изградба на 11 мини пречистителни станици, изградба на тротоар на потегот од фабрика Искра до бензинската Твинс Петрол и намалување на цените за паркирање, изјави Драган Петковски , претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово

Советничката  група нема да дозволи личната  промоција на градоначалникот да биде пред интересите и потребите на граѓаните, потенцираше Петковски.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)