ВМРО ДПМНЕ: Куманово со енормно загаден воздух

Со денови и месеци наназад градоначалникот и општината молчат и се кријат и ништо не превземаат во насока на справување со енормната загаденост во Куманово.

Барем една мерка Зоран Дамјановски да понудеше!

Квалитетот на воздухот викендот беше загрижувачки лош. Во петокот нивото на ПМ 10 честиците беше 250, а во саботата беше 490, за вчера да достигне 680. Тоа значи десетици пати повеќе од максимално дозволената граница.

Куманово со месеци наназад редовно е еден од најзагените градови во Балканскиот регион. Неодговорната власт на СДСМ во Куманово и градоначалникот Дамјановски молчат и не превземаат ништо, изјави Никола Перовиќ од УМС ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)