ВМРО ДПМНЕ: Локалните власти ги осиромашуваат граѓаните

„Поради неодговорноста на локалната власт на СДСМ и ДУИ, почнувајќи од овој месец, и секоја наредна година, кумановци ќе добиваат  зголемени сметки за потрошена вода. Сметаме дека поскапувањето на водата за пиење во Куманово, предложено од страна на Регулаторната комисија е нереално и врз база на лоши финансиски извештаи на ЈП Водовод, кои се резултат на лошото менаџирање со истото“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово, Милан Давидовиќ, додавајќи дека одлуката и начинот на кој што е донесена е скандалозно и не смеела да биде изгласана во Советот.

-ЈП Водовод Куманово наместо да се грижи за интересите на граѓаните, да го подобрува  системот за водоснабдување, да ја намали загубата на водата низ водоводната мрежакоја е стара повеќе од 60-тина години и  да ја подобри слабата наплата на сметките за потрошена вода, нивен врвен приоритет е посегнување по џебот на кумановци, како би можеле да вработуваат уште партиски војници, во и онака превработеното јавно претпријатие. Повеќе од неопходно беше потребно Советот на Општина Куманово да не даде согласност на оваа одлука на Регулаторната комисија, која за жал се усвои одсоветниците на СДСМ и ДУИ со 19 гласа ЗА. Ваквото посегање по џебот на граѓаните, владеачкото мнозинство го направи само  неколку дена пред новогодишните празници и оваа штетна одлука ја протурка набрзина и надвор од очите на јавноста со што кумановци се оптоваруваат со дополнителни финансиски издатоци во ситуација на пандемија и економска рецесија, рече Милан Давидовиќ, портпарол на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово

Давидовиќ смета дека со оваа одлука советниците на СДСМ и ДУИ на чело со градоначалникот  Максим Димитриевски уште еднаш покажале дека се водат исклучиво од ситно партиски и бизнис интереси и не водат никаква грижа за кумановци, оптоварувајќи им го семејниот буџет во време на тешка економска криза.

-Градоначалникот Максим Димитриевски наместо да бара одговорност од менаџментот на ЈП Водовод – Куманово и да се спротистави на ваквото поскапување на водата за пиење, тој ја премолчува целата оваа ситуација. Максим Димитриевски, СДСМ и ДУИ, по кој знае кој пат го покажаа своето вистинско лице. Додека повеќе од 50.000 граѓани на Република Македонија останаа без работа заради неспособноста на Владата на СДСМ и ДУИ да се справи со оваа економска криза предизвикана од пандемијата, а помеѓу нив и голем број кумановци, локалните власти зголемуваат такси и давачки, со кои дополнително ги осиромашуваат граѓаните, рече Давидовиќ.

За вакво неодговорно и расипничко однесување одговорност мора да има, и ќе има, потенцираат од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)