ВМРО-ДПМНЕ: Општината го запостави маалото Палестина

Општината со години нема слух за децениските проблеми со кои што се соочуваат мештаните на таканареченото маало Палестина, кое се наоѓа во селото Долно Којнаре, истакнаа од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Тие го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека на ова место кое што е три километри одалчено од центарот на градот, доаѓа само пред изборите, за да собере гласови, а не и да ги реши проблемите со кои што се соочуваат.

-Со години бараме од градоначалникот да ни го асфалтира патот, кој кога ќе заврне дожд се претвора во бара, која не отсекува од цивилизацијата. Целата населба нема канализација, го молевме градоначалникот безброј пати и тој во неколку наврати, ни вети дека ќе не приклучи кон канализационата мрежа, но како што можете да видите ништо од сето тоа-изјави Јелена Трајковска, член на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Трајковска нагласи дека голем проблем им претставува и тоа што населбата нема улично осветлување.

-Голем проблем за нас е тоа што немаме броеви, ниту пак имиња на улиците, поради што имаме потешкотии при вадење на лични документи. Што треба да направиме за да живееме како нормални луѓе, каде е градоначалникот, да не посети, да покаже дека барем малку се грижи за жителите на оваа населба-додаде таа.

Од општинската организација на СДСМ, одговорија дека општината во ова место има изградено канализација во должина од околу 600 метри. Тие додадоа дека екипа на ЈП  Водовод ќе излезе на терен, по што ќе увидат дали ќе можат да го дореализираат проектот кој вреди 700 илјади евра и да го решат овој проблем.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)