ВМРО-ДПМНЕ: Општината ја заборави населбата „Перо Чичо“

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвинија локалната власт дека целосно ја заборавила населбата Перо Чичо, која е една од најголемите во градот. Тие го потсетија градоначалникот, Зоран Дамјановски дека на локалните избори ветил асфалтирање на улиците 6-ти април, Анѓа Ранковиќ, 30-ти јули, Руѓер Бошковиќ и Трајко Прокопиев, но истото не го исполнил.

-Зарем граѓаните на оваа населба не заслужуваат  да чекорат по асфалтирани улици наместо да избегнуваат дупки и да се глават во кал.  Каде е изградбата на потпорен ѕид во Гладно поле Стар дел, каде е привремениот мост меѓу улиците Ѓуро Пуцар Стари, и улица Октомвриска револуција, канализациската мрежа во Гладно поле, градинката во Перо Чичо, уличното осветлување. Дали ќе поднесете каква било одговорност за нереализацијата на овие проекти?  Дали имате образ повторно да ја побарате довербата од граѓаните на Перо Чичо-праша Биљана Димитриевска член на ВМРО ДПМНЕ.

Тие упатија прашања и до генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, зошто иако е жител на оваа населба, не инсистира кај градоначалникот да се реализираат овие проекти.

-Зошто дозволивте населбата во која што и вие живеете да биде заборавена од локалната власт,. Дали вашите комшии не заслужуваат да живеат по асфалтирани и осветлени улици. Зошто дозволивте вашиот сдсмовски градоначалник да го доведе Куманово  до ова дереџе-наведе Димитриевска.

Според нив населбата Перо Чичо заслужува да има функционална и сеопфатна инфраструктура, повеќе урбани елементи како парк, шеталиште, целосно осветлени улици и градинки. Од ВМРО ДПМНЕ нагласија дека и во наредниот период ќе продолжат да го потсетуваат градоначалникот на неговите предизборни ветувања.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)