ВМРО ДПМНЕ: Постои основано сомнение за грабеж во општината

Општинскиот комитет  на ВМРО ДПМНЕ денеска ги повика надлежните институции да ги истражат документите и договорите за превоз на ученици кои ги склучила општина Куманово. Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски вчера обелодени дека општината и градоначалникот плаќале за 625 пати поскап превоз на ученици споредено со Битола. „Дамјановски авионски превоз да организираше за учениците немаше да потроши просечно по 2 741 денар по изминат километар, – рече на денешната пресконференција  Марио Цветковски од УМС.

-Ако општина Битола и градоначалникот Владе Талески организирале превоз на ученици дестинација битола- Добромири во должина од 14,7 км, цената поединечно по ученик изнесува околу 4,5 денари по километар. Додека општина Куманово и градоначалникот Зоран Дамјановски организирал превоз на ученици на дестинација село Табановце- село Четирце, и обратно во должина од 14,6 км, и цената поединечно по ученик изнесува неверојатни 2.219 денари по км. Или 500 пати поскапа цена по ученик за поминат километар , изјави Марио Цветковски од УМС ВМРО ДПМНЕ, Куманово

Цветковски посочи уште два примера за како што вели, неверојатното расфрлање на народни пари од страна на градоначалникот, споредено со Битола. Според ВМРО ДПМНЕ ако Битола  за дестинација во должина од 66 километри поединечно по ученик плаќала 1,93 денари по километар, Куманово за пат во должина од 59 киломтери плаќала 579, 6 денари по ученик по километар. Или 306 пати поскапо.

Според ВМРО ДПМНЕ,  заради ваквата работа на Дамјановски општината се дави во долгови и хаос, а приватни фирми блиски до СДСМ се богатат со пари на граѓаните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)