ВМРО-ДПМНЕ праша дали функционира ЈП „Паркинг“

Снег го покри просторот кој е определен за паркинг во градот. Местото со  дебел слој на мраз, воопшто не им служи на граѓаните и не ја исполнува својата намена, обвинија денеска од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму прашаа дали оваа зима функционира претпријатието Куманово паркинг, како и дали е потребно граѓаните да плаќаат за  оваа услуга.

-Дали ЈП Паркинг наплаќа паркинг и дали ги санкционира оние кои не плаќаат. Очигледно распустот не завршил за ова јавно претпријатие. Затоа како ОК ги повикуваме надлежните од ова претпријатие веднаш да излезат и да им објаснат на граѓаните дали треба да плаќаат за паркирање или не-истакна Валентина Јовановска, ОК ВМРО-ДПМНЕ.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека генерална слика е дека градоначалникот и директорите како да се откажале од Куманово, кое веќе дваесетина дена наликува на град кој како да се наоѓа во најзафрлените и најнедостапните места во државата.

-Паркинг просторот воопшто не се одржува а сот тоа уште повеќе се отежнува сообраќајот во градот. Покрај сите проблеми што ги направи неажурноста на локалната власт, која го остави Куманово заглавено во снег и лед, поради што на лизгавите улици и тротоари многу граѓани завршија со телесни повреди за што официјално и потврди општата болница во градот, мошне важно за алармирање е и нефункционалниот систем за паркирање-нагласи Јовановска.

Тие ги повикаа надлежните да почнат со работа и да ги расчистат паркинг просторите, па дури тогаш да бараат надомест за користење на истите.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)