ВМРО-ДПМНЕ: Се злоупотребуваат муслиманските гробишта

Советничката група на коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ го обвини јавното претпријатие Чистота и Зеленило дека врши злоупотреба на сметка на граѓанитe и граѓанските организации. Според нив претпријатието стопанисува со приватно земјиште, кое е во сопственост на Верски одбор на Ромите.

-Земјиштето, кое со намена за муслимански ромски гробишта, јавното претпријатите против-правно  го користи за закуп на гробно место на Роми со исламска вероисповед. Инаку земјиштето е купено и е во приватна сопственост како што може да се види и од имотниот лист-истакна советникот Ашмет Османовски.

Советникот Османовски тврди дека пред една година побарале објаснување од јавното претпријатите за  узурпација на приватна сопственост но не добиле одговор.

-Како може јавното претпријатие да користи приватно земјиште и од тоа да остварува приходи? До кога директорот на јавното претпријатите ќе го крши законот и така дрско и неодговорно ќе работи на штета на сопственикот на ова земјиште Верскиот одбор на Роми? Зошто градоначалникот кој е запознаен со проблемот веќе подолг период го игнорира и не презема ништо за прекин на овој криминал на јавното претпријатите-посочи тој.

Советничката група “За подобра Македонија” го повика градоначалникот и директорот на јавното претпријатите да го почитуваат законот и да се тргнат од земјиштето на Верскиот одбор на Роми.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)