ВМРО ДПМНЕ се подготвува за партискиот конгрес

На втори и трети мај во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи 15 партиски конгрес на ВМРО ДПМНЕ. На истиот ќе присуствуваат 560 делегати, кои што се избрани по различни основи.  Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Драган Петковски вели дека подготовките се при крај и дека го радува фактот што конгресот ќе се одржи во нашиот град.

-Ова за нас значи многу бидејќи партијата постои повеќе години. Ова е 15-ти конгрес на партијата и за прв пат се одржува во Куманово и на овој начин градот влегува во историја на ВМРО ДПМНЕ. Значи Куманово е втор по големина град во Македонија и заслужува една ваква манифестација да се одржи-наведе тој.

На конгресот е предвидено да се избере претседател, а подоцна и целото раководство.  Петковски објасни дека рокот за поднесување на кандидатура за претседател трае до петок до 15 часот и дека секој што сака може да се пријави, доколу собере потписи од 30 делегати. Гласањето ќе биде во тајност, а оној што ќе добие најмногу гласови ќе стане претседател и ќе ја води партијата во следните четири години.

По најавата дека конгресот ќе се одржи во Центарот за култура во Куманово, веќе интензивно се работи на уредување на холот и големата сала. Иако надлежните велат дека уредувањето не е поврзано со конгресот, видливо е зголеменото присуство на вработени, кои работат на уредување на просторот каде што ќе присуствуваат високите партиски функционери.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)