ВМРО ДПМНЕ со велигденска честитка до граѓаните

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на сите граѓани од православна вероисповед  им го честитаа големиот христијански празник Христосовото воскресение -Велигден, а на работниците Меѓународниот ден на трудот – Први мај.

„Негувајќи ги демохристијанските вредности членовите на ВМРО-ДПМНЕ со задоволство ја подржуваат и продолжуваат вековната православна традиција празнувањето на Велигден, кој претставува неприкосновен духовен и национален белег. Престојниот празник уште еднаш ќе не потсети дека тој свет белег на овие простори грижливо чуван од МПЦ е всушност залог за животот, победа на опстојувањето и надеж дека личните и заеднички голготи и распетија имаат крај, – изјави  Драган Петковски,  претседател  на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Куманово

Петковски истакна дека во изминатиот период граѓаните биле изложени на големи предизвици,тешкотии и меѓусебните несогласувања, кои  што во иднина треба  да бидат сменети со родољубие и меѓусебна љубов.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)