ВМРО- ДПМНЕ со панихида за Драган Богдановски

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ вчера на гробишта во Куманово организаираше панихида за Драган Богдановски. Голем број партиски симпатизери му оддадоа почит на Богдановски пренесувајќи ја неговата порака – „Да се сочува единството на партијата и да се заштити од туѓи влијанија“. Тие истовремено се потсетија и на неговото дело како симбол на ВМРО-ДПМНЕ.  „Драган Богдановски беше и ќе остана духовен татко, човек кој можеше да биде богат и да има спокоен живот но тој беше венчан за Македонија бидејќи имаше единствена цел да ја види Македонија независна и обединета“ – беше речено на вчерашната панихида.

– Драган Богдановски целиот свој живот го посвети за самостојна и независна Македонија. Тука е неговата најголема улога во времето кога беше изложен на голема репресија  и прогон, се откажа дури и од сопственото семејство и целиот свој живот го посвети на борбата за осамостојување на македонската држава, вели професорката Виолета Ачковска.

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, Марио Цветковски посочи дека секоја наредна година на овој ден ќе се одржува панихида за Драган Богдановски. Тој наведе дека Унијата на млади сили го чествува името на Богдановски преку трибините за неговата идеологија и проекцијата на документарниот филм за неговиот лик и дело низ целата земја. Богдановски е роден на 18 септември 1929 во кумановското село Клечовце , а починал во Данска на 31 мај 1998 година. Тој претставува еден од основачите на ВМРО – ДПМНЕ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)