ВМРО-ДПМНЕ: Улицата „ Драган Стопаревиќ“ закана за граѓаните

Локалната самоуправа не презема ништо за да ја подобри безбедноста на улицата Драган Стопаревиќ, која е една од најфреквентните, бидејќи поврзува неколку населби со центарот на градот, истакнаа од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Тие нагласија дека на улицата на која минува голем број луѓе нема простор за движење, бидејќи тротоарот е блокиран од паркираните автомобили, а на другата страна и воопшто нема тротоар, така што пешаците се принудени да се движат на улицата, на која се вози мошне бргу.

-Тука сме и да потсетиме на ветувањето на градоначалникот во неговата програма за 2013 година за изградба на тротоари од левата страна на ул Драган Стопаревиќ, и поставување на лежечки полицајци. Како што можеме да видиме, една година до завршување на неговиот мандат, се уште ништо не е преземено-изјави Валентина Јовановска, од ВМРО-ДПМНЕ.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ прашаа кога ќе бидат исполнети дадените ветувања, и зошто е дозволено оваа улица секојдневно да претставува закана за многуте ученици, кои живеат тука. Додадоа дека градоначалникот треба да почне да прави планови за решавање на проблемите на граѓаните, кои според нив стануваат се поголеми.

Наспроти тврдењата на општинскиот комитет, првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски вели дека кривичната пријава кон вработените во општината, како и ваквите обвинувања, се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ во пресред на изборите започнува со антипропаганда за градот. Нагласи дека во наредните месеци во градот ќе се имплементира голем процент од развојната програма.

-Улицата ќе биде сигурно направена реконструкција на асфалтниот дел каде има оштетување, имаме можност да ја завршиме и тротоарската инфраструктура односно патека од другата страна со бекатонски плочки а во моментот се изработува сообраќајната студија за поставување на лежечки полицајци.  Oчекувам во нареден период да има постојано секојдневни настапи од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на сметка на тоа како локалната самоуправа не ги исполнува своите обврски, но тоа е видено во изминатите години-истакна тој.

Дамјановски нагласи дека во наредните четири месеци е планирано асфалтирање во должина од околу 7 ипол километри,  поставување на бекатон плочки на 10.000 квадратни метри како и реконструкција и изградба на канализациона мрежа во должина од околу 26 километри.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)