Внатрепартиски избори на ОК ВМРО-ДПМНЕ и во Куманово

ВМРО-ДПМНЕ објави повик за кандидирање на претседатели на општинските комитет на ВМРО-ДПМНЕ во неколку градови,  меѓу кои и во Куманово. Партијата во Куманово досега ја водеше Бране Петрушевски, актуелен пратеник.

-Куманово има голем кадровски потенцијал и ги охрабрувам да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија и Куманово, како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата-напиша тој на „Фејсбук“.

Кандидатите за претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ освен што треба да се активни членови, треба да достават биографија, мотивационо писмо и план за работа на Општинскиот комитет. Пополнетите материјали можат да ги достават најдоцна до 07-ми март во седиштето на партијата во Скопје, или преку електронска пошта на konkursi-ok@vmro-dpmne.org.mk. ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.

Сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција со цел заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани-стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

коментар(и)