Воведена целосна забрана за движење во шуми

Владата воведе целосна забрана за движење во шумските подрачја низ државата, која стапи на сила денеска. Како што соопшти Владата, ова е во интерес на личната безбедност на граѓаните, но и за да се спречат нови пожари.

Властите апелираат дека ако се забележи пожар треба веднаш да се пријави во Противпожарната бригада на телефонот 193 или во Центарот за управување со кризи на 195.

Забраната беше воведена откако во изминатите денови беа регистрирани пожари во повеќе општини, од кои оној во Кочани беше директна закана за градот.

Коментари

коментар(и)