Водата во двата градски базени е исправна

Капачите од Куманово можат слободно да ги користат  отворениот и затворениот градски базен, бидејќи водата е бактериолошки исправна, информираат од Центарот за јавно здравје. Од таму нагласија дека се практикува два пати во месецот да се земат мостри за испитување на квалитетот на водата.

-Досега сите испитани примероци се исправни водата секогаш има резидуалниот хлор што претставува една дополнителна заштита на таа вода, меѓутоа од други базени немаме вршено испитувања, бидејќи нема направено ниту договори ниту се задолжени останатите сопственици на базени. Досега само градскиот базен затворениот и отворениот-посочи Мимоза Величковска, епидемиолог Центар за јавно здравје.

Водата за капење треба да одговара на водата за пиење, бидејќи децата кога се бањаат може да се случи да голтнат од неа. Доколку истата е бактериолошки загадена односно ако има присуство на микроорганизми може да дојде до појава на кожни инфекции и слично.

Што се однесува до реките, Величковска нагласи дека последните испитувања направени во близина на рекреативниот центар во Пелинце, покажале дека водата е бактериолошки исправна. Меѓутоа нивото на водата е многу мал па истата може да ја користат само деца за разладување.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)