Водовод апелира-рационално трошење на вода

Граѓаните рационално да ја користат водата. Во летниот период да се воздржуваат од миење на возила и наводнување на тревни површини,  апелираат од јавното претријатие „Водовод“  кое што деновиве регистрира зголемена потрошувачка на вода. Но, и покрај зголемената потрошувачка во Куманово летово има редовно водоснабдување. Според директорот Горан Стојковски тоа се должи на одличната соработка со директорот на АД Водостопанство во државна сопственост.

-Ова лето немаме проблем со дотур на вода од нашите брани Липково и Глажња, по главен вод добиваме близу 200 литри во сек. по т.н бај пас уште стотина литри ние имаме  до наши бунари Бедиње и Митев мост можност за уште 100 литри во сек. со што максимално ги задоволуваме потребите на град Куманово. Имаме поголема потрошувачка од една причина што конечно имаме вода . Минатите две години не би навлегувал во политики, но потребно е сите да знаат поради лични фрустрации и комплекси на мала група на луѓе имавме проблеми за кои што сите се запознаени на кои што не би сакал да се потсетувам. Конечно имаме работа со човек кој што разбира, со кој што можеме да се договориме и нема проблеми со вода, а потрошувачката е зголемена, изјави Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“

Што се однесува до квалитетот на водата која што ја пијат граѓаните, директорот Стојковски потенцира дека водата која што градот ја добива од липковските брани, но и од бунарите кај Митев мост и Бедиње е со максимален квалитет .

-Според сите институции кои што вршат проверка на квалитет на вода во Куманово, Институт за јавно здравје во Куманово, Хидробиолошки институт во Скопје и Хидробиолошки институт во Охрид, водата во Куманово е максимално бактериолошки хемиски и биолошки исправна за пиење и пред намалување на овие нови правилници поради ситуацијата што ја имавме со Дојранско езеро, изјави Стојковски.

Граѓаните конечно може да здивнат. Редовното водоснабдување значи дека летово нема да има полнење резервни шишиња со вода за пиење, пластични туби за миење садови и одржување лична хигиена, а што е најбитно кумановци ноќе ќе спијат, наместо како што беше  претходните години преку ноќ да полнат вода, да перат и да наводнуваат.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)