Водостојот на реката Пчиња и натаму под просекот

И покрај врнежите во текот на изминатите денови, водостојот на реката Пчиња и натаму е под просекот за овој период од годината.

Последните мерења направени од страна на Управата за хидрометеоролошки работи утринава на мерната станица лоцирана во атарот на селото Пелинце, покажуваат дека водостојот на Пчиња изнесува 66 сантиметри.

Просекот за април изнесува 73 сантиметри. Најблизу до просекот водостојот бил во среда, кога водата се искачила до 70 сантиметри и оттогаш е во константно опаѓање.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)