Возачите паркираат кај што ќе стигнат

 

Непрописно паркирани возила кои создаваат метеж е сликата која што може да се види речиси во сите делови низ централното градско подрачје. Иако функционира зонското паркирање, голем дел од паркинг местата се празни, бидејќи возачите практикуваат со вклучени трепкачи да ги остават возилата на недозволени мести и на тој начин да го блокираат сообраќајот и да го попречат движењето на пешаците. Несовесно паркирани возила на улица, скали и пред влезови на згради. Ваквата слика особено може да се заблежи на улицата „Иво Лола Рибар“, или попозната меѓу кумановци како „Нагорички сокак“. Граѓаните велат дека возилото на јавното претпријатие „Куманово-Паркинг“ постојано поминува во овој дел, но сепак несовесните возачи, не можат да ги опаметат. Додаваат дека за нив ниту високите казни не ги спречуваат да се паркираат на забранети места.

-Има слабости некои не внимаваат нема доволно паркинг места, сообраќајната култура кај нас е за никаде. Еве овде гледаме, на кој каде ќе му текне таму паркираат. Како не претставува проблем во домовите овие што живеат, што имаат излези, тие им паркираат пред самите врати-велат тие.

Ништо подобра не е состојбата со возилата кај 11-катницата Сума. Влезот, односно тротоарите пред зградата речиси целосно се блокирани од возачи кои избегнуваат да платат паркинг простор. Но, граѓаните се надеваат дека градските власти ќе направат максимални напори за да обезбедат проточност и безбедно одвивање на сообраќајот низ улиците во градот.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)