Возачи ги уништуваат семафорите низ градот

Несовесни возачи постојано ги уништуваат семафорите низ градот. За само една недела целосно е искршен семафорот на крстосницата на Трета МУБ во близина на ресторанот Рим Париз, како и на Октомвриска револуција. Сообраќаен знак пред два дена настрада и во населбата Карпош, во близина на бензинската пумпа Сателит. Причината за уништувањето најчесто е неприлагодена брзина на возачите, кои освен што предизвикуваат материјалната штета, можат да доведат во опасност и нечиј живот. Во трите незгоди, за среќа нема жртви, но непочитувањето на сообраќајните правила досега неколку пати завршуваше и со смрттни последици.

Кумановци велат дека се чувствуваат небезбедно бидејќи со голема брзина се вози и на сообраќајниците каде што има семафори. Додаваат дека возачите поминуваат на пешачките премини иако оддалеку се забележува трепкачко зелено светло, па често мора да се вратат назад за да избегнат несреќа. Тие стравуваат дека со подобрување на времето ќе се зголеми и бројот на сообраќајни незгоди.

-Кога не функционира ми претставува проблем не знаеш кога да поминеш.  Ние сите сме и возачи и пешаци, но возачите се малку невнимателни. Без оглед дали семафорот е отворен или не, некој можеби не може да помине бргу болен човек, инвалид, никој не внимава-велат граѓаните.

Од локалната самоуправа истакнаа дека постојано вложуваат средства за замена на уништените семафори. Нагласија дека во најкраток можен рок ќе бидат набавени нови.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)