Волк удави овци во село Орашац

Дваесет удавени овци од волк утринава во својата штала затекнал 48-годишниот Горан Николовски од селото Орашац. Тој раскажува дека други десет овци избегале, а само седум се спасиле. Направената штета сопственикот ја проценува на повеќе од 3.000 евра.

-Утринава кога дојдовме околу 5 часот мајка ми ми се јави околу 4 ипол ми рече да дојдам волк влегнал во трло. Јас дојдов веднаш овците ги немаше. Тие што беа удавени, другите беа на 100 метра на куп во соседен двор,исплашени, и не смеат да се вратат дома. Доаѓајќи по пат тука кај капијата видов една на пат удавена ја тргнав да не наиде некој со автомобил-наведе тој.

Николовски кој чува 150 овци, се надева дека ќе добие надомест на штета, бидејќи тој и неговото семејство живеат од сточарството. Вели дека за настанот веднаш ги известил полицијата и венеринарната станица, кои дошле и направиле записник.

-Во нашето село досега ваква штета не е имало, имаше претходно на пасење да земе една, две, или да влезе во село, но ваква штета до сега немало. .. Доколку вака продолжи со овие животни ќе бидеме принудени и ние да се откажеме, не можеме да опстанеме. Напаѓаат штом дојдоа во трло да не нападнат, дење работиме, навечер не можеме да спиеме…-додаде тој.

Инаку минатата недела волк удави осум овци и две кози во село Пчиња.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)