Волонтерите на Црвен крст први во укажување помош

Клубот на млади при општинскиот Црвен крст го доби првото место на натпреварот во укажување на прва помош. Според стручните лица, тие се покажаа како најдобри при справувањето со различни видови повреди. Раскажуваат дека им претставува задоволство што во септември ќе го претставуваат градот на државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје.

-Тоа го достигнавме со тимската работа и самата организација ни помогна да го освоиме истото. За мене овој натпревар исто така претставува голем успех и ме радува тоа што многу повеќе млади се заинтересирани за првата помош. Јас сум дел од клубот на млади веќе четири години, разликите меѓу екипите се минимални  во поени, но секогаш се издвојува некоја што е најдобра-изјави Бисера Ѓошевска, волонтер.

Волонтерите додаваат дека своето знаење освен на ваквите натпреварувања, имаат можност да го покажат и на терен, бидејќи многупати се вклучени во различни настани кои што се случуваат во градот.

-Волонтирам веќе четири години тука, очекувам успех затоа што напорно вежбаме и сега прво место земавме на општинскиот натпревар, конкуренцијата беше голема, но сепак се изборивме. Волонтерството за мене значи правилно искористување на слободното време-нагласи Христијан Додевски, волонтер во клубот на млади Црвен крст Куманово.

Инаку на вчерашниот натпревар второто место го освоија учениците од Наце Буѓони, додека на третото се најдоа средношколците од Киро Бурназ и албанската паралелка од Наце Буѓони.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)