Волонтери мереа шеќер во крвта на стари лица

Волонтери на општинската организација на Црвениот крст денеска спроведоа бесплатна акција за мерење на шеќер во крвта и притисок во домот за стари лица „Зафир Сајто“. Активноста е во рамките на одбележувањето на Неделата за грижа на стари лица од 20 до 26 –ти ноември.

Неделата за грижа на стари лица се одбележува под мотото ” Сите сме нивни деца”, а целта  е да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, и нивната потреба за грижа и помош,  изјави Сара Милковска, волонтер во Црвен крст, Куманово

Активностите на Црвениот крст продолжуваат и во текот на утрешниот ден со бесплатна акција за мерење на шеќер во крвта и притисок на градскиот плоштад во девет часот и 30 минути, а во просториите на здружението за пензионери  ќе се одржи шаховски турнир и креативни работилници помеѓу волонтерите од Црвениот Крст  и пензионерите.

Во рамки на одбележувањето на Неделата за грижа на старите лица предвидени се и едукативни здравствени предавања на повеќе теми, наменети  за членовите на локалното здружение на пензионерите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)